Актерот Арми Хамер (34) се најде во центарот на скандалот. Странските медиуми пишуваат дека „протекоа“ во јавноста неговите пораки кои се граничат со сексуален канибализам, но и со силување.
Иако не постои официјална потврда дека ова се неговите пораки, наводната жртва на актерот тврди дека тој е тој.
Таа објави фотографија од дланка со тетоважа на венчалниот прст која наликува на неговата и дека тој наводно ѝ ја пратил, за да докаже дека токму тој стои зад бизарните пораки. Пораките биле испратени во период од 2016 и февруари 2020 година.
„Треба да ја испијам твојата крв“, „Јас сум стопроцентен канибал“, „Сакам да те изедам“, се само дел од пораките што кружат на Твитер, а во нив имало и пораки за БДСМ сексот. Тој бил опседнат со пиење крв на жртвите.
Инаку, за време на пораките, актерот сè уште живееше со неговата сопруга Елизабет Чемберс (38) со која има две деца. Летото 2020 година тие објавија дека се разведуваат по десет години брак, пренесува „Дејли мејл“.
Неговите обожаватели изразија сомнеж во вистинитоста на пораките и се убедени дека се лажни.
Арми глумеше во филмовите „Социјална мрежа“, „Осамениот одмаздник“, „Скриена љубов“, „Ребека“ …
Multiple victims of Armie Hammer came out saying he used his fame to manipulate em to have sex, calling em “kitties” and drink their BLOOD, now WHAT IN HANNIBAL LECTER??? pic.twitter.com/LWxgZdXC4t
— tevin 💀🔪 (@tevinauguste) January 10, 2021
ФОТО: Инстаграм/Твитер