НОВ СКАНДАЛ Под притисок од власта, обвинителката Лиле Стефанова бара притвор за Сашо Мијалков за „Плацеви на Водно“!

Плусинфо дознава дека обвинителката Лиле Стефанова поднела вакво барање под силен притисок на луѓе од извршната власт, откако министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и СДСМ јавно ја критикуваа одлуката на Апелацискиот суд.

11,105

По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик во предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.

Плусинфо дознава дека обвинителката Лиле Стефанова поднела вакво барање под силен притисок на луѓе од извршната власт, откако министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и СДСМ јавно ја критикуваа одлуката на Апелацискиот суд.






– Ова е паничен, непримерен и очигледен притисок на извршната врз судската власт. Мислам дека во вакви ситуации треба да реагираат и здружението на судиите и Судскиот совет. Ако помине овој обид обвинителите и судиите да одлучуваат под диктат на луѓе од владата, тоа ќе значи дека веќе не ни се потребни ни судови ни обвинителства – вели за Плусинфо добар познавач на состојбите во македонското правосудство.

Инаку првообвинет во случајот „Плацеви на Водно“ е поранешниот премиер Никола Груевски. Сашо Мијалков е второобвинет, но во досегашниот процес не е ни спомнат. Како петтообвинет, во притвор лежи Орце Камчев, чии барања да се брани од слобода или од домашен притвор упорно се одбиваат.

Поврзани содржини