НОВ РЕКОРД НА ШТЕТНИТЕ ЕМИСИИ Температурите ќе растат уште многу години

Светската метеоролошка организација (СМО) соопшти дека нивото на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина достигна нов рекорд во 2023 година, а емисиите потекнуваат од големите шумски пожари и од фосилните горива.

227

Во 2023 година нивото на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина достигна нов рекорд, поради што температурите на нашата планета ќе растат уште многу години, се вели во најновиот извештај на Светската метеоролошка организација.

Јаглерод диоксидот се акумулира во атмосферата побрзо отколку во кое било време од човековото постоење и се зголемил за повеќе од 10 проценти за само две децении, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на Светската метеоролошка организација.






Како што е наведено, за ова придонеле емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од големите шумски пожари, како и можното намалување на јаглеродот апсорбиран од шумите, во комбинација со високите нивоа на емисии од фосилните горива.

Поврзани содржини