Нов рекорд на Лазаров! Играч со најмногу настапи во Лигата на шампиони
Нашиот Лазаров е рекордер по бројот на одиграни сезеони (20). 40-годишниот десен бек има една повеќе од Никола Карабатиќ кој поради повреда нема да биде дел од финишот на сезоната. Исто така Лазаров го држи и рекордот по број на постигнати голови во ЛШ.
Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, продолжи да пишува историја во Лигата на шампионите и дојде до уште еден импресивен рекорд.
Ракометарот кој ги брани боите на Нант се најде на терен против Киелце и така дојде до бројката од 249 настапи во Лигата на шампионите. Лазаров така се изедначи со Арпад Штербик кој има 249 настапи, но Македонецот е уште активен и е играч со најмногу одиграни натпревари од сите. Веќе на следниот дуел за Нант во ЛШ, Лазаров ќе стане легенда со најмногу настапи во елитата.
Третото место му припаѓа на Тиери Омејер (240), потоа следи Никола Карабатиќ (237), па Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214)…