НОВ РЕКОРД Брус Спрингстин ги продаде своите песни на „Сони“ за 500 милиони долари
Овој износ ги надмина претходните проценки колку каталогот на Спрингстин би можел да вреди. Проценката на „Билборд“ беше помеѓу 33 и 415 милиони долари.
Рок-легендата Брус Спрингстин успеа да добие – повторно од „Сони мјузик“ – далеку најмногу. Досега рекордот го држеше Боб Дилан кој правата на своите шестотини песни ги продаде за околу 400 милиони долари.
Повеќекратниот добитник на Греми, Брус Спрингстин, ги продал своите авторски права и правата за издавање музика на „Сони мјузик“ во договор вреден 500 милиони долари, објави „Билборд“, цитирајќи извори.
Овој износ ги надмина претходните проценки колку каталогот на Спрингстин би можел да вреди. Проценката на „Билборд“ беше помеѓу 33 и 415 милиони долари.
Ова вклучува каталог на снимената музика на Спрингстин, како и неговата работа како текстописец и композитор, вклучувајќи светски хитови како што е синглот „Born in the USA“, според извори блиски до случајот. Според „Билборд“, со продажбата „Сони мјузик“ ќе добие сопственост на целиот каталог на Брус Спрингстин, кој вклучува 20 студиски албуми, 300 песни, 7 EP, 23 албуми во живо и повеќе.
Продажбата ќе му даде на „Сони“ сопственост на целокупните авторски права на легендата на рок-музиката, вклучително и 15 пати платинестиот албум „Born in USA“ и пет пати платинестиот албум „The River“.
Тоа е најновото во серијата продажби на авторски права во минатата година што вклучува музика од Дејвид Боуви, Боб Дилан, Пол Сајмон, Стиви Никс, Тина Тарнер и Нил Јанг.
„Варнер мјузик“ ги купил правата за изданијата на Боуви ширум светот во септември, а Дилан ги продаде своите права за повеќе од 600 песни на „Јуниверзал мјузик груп“ во декември минатата година за 300 милиони долари.
„Колумбија рекордс“ на „Сони“, каде Спрингстин ја сними неговата музика, не одговори на барањето за коментар, а претставниците на Спрингстин не биле достапни, пишува „Гардијан“.