Нов рекорд: Автопортретот на Рембрант продаден за 18,7 милиони долари

496

Автопортретот на Рембрант беше продаден вчера на приватен купувач на виртуелна аукција во „Сотби“ во Лондон за 14,5 милиони фунти (18,7 милиони американски долари).

Аукциската куќа соопшти дека станува збор за нов рекорд за автопортрет на холандскиот мајстор на аукцијата.






Од „Сотби“ тврдат дека „Автопортретот со црниот шешир“ од 1632 година го барале шест понудувачи.

Претходниот автопортрет на Рембрант беше продаден на аукција за 6,9 милиони фунти во 2003 година.

Сликата што е продава вчера е една од само трите автопортрети на сликарот кои се во приватни раце, тврди Бета, повикувајќи се на АП.

 

ФОТО: ЕПА

 

Поврзани содржини