НОВ ПРОБЛЕМ ЗА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ Американците нема да споделуваат информации за руските воени цели 

Соработката на американското разузнавање беше од клучно значење за способноста на Украина да ги идентификува и гаѓа руските воени цели.

1,135

САД го откажаа споделувањето разузнавачки информации со Киев, што може сериозно да ја загрози способноста на украинската војска да ги гаѓа руските сили, јави Фајненшл тајмс, цитирајќи официјални лица запознаени со ова прашање.

Овој потег уследи по одлуката на администрацијата на Трамп да ја прекине испораката на воена помош за Украина и драматичниот распад на односите меѓу американскиот претседател и украинскиот претседател Володимир Зеленски.






Соработката на американското разузнавање беше од клучно значење за способноста на Украина да ги идентификува и гаѓа руските воени цели.

Тројца функционери запознаени со одлуката потврдија дека Вашингтон ги замрзнал разузнавачките канали со Киев.

Поврзани содржини