НОВ ПОЖАР КАЈ БОГОМИЛА Огнот го „бакнува“ асфалтираниот пат кон селото Стровија (ВИДЕО)

Читатели на Плусинфо ни испратија видео од пожарот кој се шири покрај патот, безмилосно голтајќи ја нискостеблестата шума.

918

Густ чад, смрдеа на изгорена шума. Ваква е сликата попладнево на новиот пат што ги спојува велешкото село Богомила и прилепското село Стровија.







Читатели на Плусинфо ни испратија видео од пожарот кој се шири покрај патот, безмилосно голтајќи ја нискостеблестата шума.

Претходно, пожар избувна и кај стојалиштето Ореше, веднаш откако возот на релација Богомила-Велес ја одминал железничката станица. Како што информираа од ТППЕ Велес, пожарникари со две возила веднаш се вклучиле во гаснење на пожарот.

Пожарот за МИА го потврдија одговорните и од Железничката станица во Велес, а за тоа дали е настанат поради искрење на тркалата врз шините, велат дека ќе покаже истрагата.

Поради пожарот привремено за 40-тина минути беше запрен железничкиот сообраќај на овој дел од пругата, односно стопиран е патничкиот воз Скопје – Велес – Битола, кој на овој опожарен дел според возниот ред поминува нешто по 16 часот.

Поврзани содржини