НОВ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД ЧЕТВРТОК Услови за дожд дури в недела

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Утрешниот ден, 2 јули, температурите ќе достигнат 38 степени.

3,047

Времето утре, 2 јули, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 12 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 20 до 38 степени.






Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

 

Поврзани содржини