ЛЕКЦИЈА ОД УКРАИНА – „ТВРДИНА ТАЈВАН“ Американците тивко и до заби го вооружуваат островот

Украинските трупи научија дека мораат секогаш да бидат во движење откако самите ќе испукаат гранати, Тоа е затоа што за неколку минути ги снаоѓа рускиот „оган од контрабатерии“. Во случајот со Тајван и застареното оружје ова значи дека трупите на Тајван би биле „седечки патки“. Затоа Вашингтон го развива планот „Тврдина Тајван“ каде ќе се вооружува пешадијата и артилеријата и ќе се разгледаат можностите за асиметрична одбрана на плажите или во џунглите длабоко на островот.

996

Тајванската морнарица и воздухопловни сили би биле збришани за 96 часа во можната војна со Кина, а тоа е причината зошто САД го сменија планот во нова стратегија именувана „тврдина Тајван“, анализира Би-Би-Си. Тоа значи дека фокусот ќе се префрли на пешадијата и на артилеријата, одбраната која би се одвивала на плажите или длабоко во џунглите на Тајван.

Статијата насловена како „САД тивко го вооружуваат Тајван до заби“ објаснува како Американците планираат да се справат со застареното оружје на Тајван кое датира уште од Виетнамската војна во 1960-тите години. Некои од пиштолите датираат од Втората светска војна.






– Откако САД ги прекинаа односите во 1979 година, нашата армија доживеа речиси целосна изолација. Така тие се заглавени во ерата на воената доктрина на САД од Виетнамската војна – вели за Би-Би-Си Лаи И-Чинг, претседател на фондацијата „Проспект“, невладина организација од Тајпеј.

Сега во Вашингтон се води жестока дебата за тоа колку далеку треба да одат САД во поддршката на Тајван. Познавачите велат дека каква било жестокост на САД би го испровоцирала Пекинг наместо да го одврати од војна. Но, Вашингтон знае и дека Тајван не може да се надева дека ќе се брани сам.

„Како што рече еден долгогодишен набљудувач на Кина: „Треба да молчиме за целото прашање на стратешката нејаснотија, додека го вооружуваме Тајван до заби“, пишува

Тајван ги учи лекциите од Украина

За Тајван лекциите од инвазијата на Украина беа шокантни. Во војната во Украина артилеријата доминира на бојното поле – има висока стапка на оган и е застрашувачки прецизна. Украинските трупи научија дека мораат секогаш да бидат во движење откако самите ќе испукаат гранати, Тоа е затоа што за неколку минути ги снаоѓа рускиот „оган од контрабатерии“.

Во случајот со Тајван и застареното оружје ова значи дека трупите на Тајван би биле „седечки патки“. Затоа Вашингтон е принуден да дејствува, пишува Би-Би-Си. „Затоа тајванските копнени трупи се испраќаат во САД за обука, а американските тренери доаѓаат во Тајпеј за да се вклопат со тајванските маринци и специјалните сили“.

Кина сега може да се пофали со најголемата морнарица во светот – нејзината поморска ракетна фрегата Јулин (Р) и ловецот на миночистачи Чиби (Ц) се закотви во Сингапур во мај 2023 година.

Ракетите „Јavelin“ и „Stringer“ се приоритет

Најинтересно е што Министерството за национална одбрана во Тајпеј уште не знае за што попрво ќе се користат американските пари. Но, д-р Лаи вели дека е можно да се направат образовани претпоставки: противвоздушни ракети „Javelin“ и „Stinger“, високо ефективни оружја што силите можат брзо да научат да ги користат.

– Немаме доволно од нив, и ни треба многу. Во Украина, Стингерите се потрошија многу брзо, а начинот на кој Украина ги користи сугерира дека ни треба можеби 10 пати повеќе од бројот што го имаме во моментов – вели д-р Лаи.

Списокот на проблеми е долг. Тајванската армија има стотици стари борбени тенкови, но премалку модерни, лесни ракетни системи. Нејзината армиска командна структура, тактика и доктрина не се ажурирани половина век. Многу единици на првата линија имаат само 60% од работната сила што треба да ја имаат.

Во 2013 година, Тајван го намали воениот рок од една година на само четири месеци, пред да го врати на 12 месеци, потег што стапува на сила следната година. Младите луѓе кои служат војска во Тајван на шега го нарекуваат системот „летен камп“.

Војната во Газа ќе направи да потечат парите за Тајпеј

Во меѓувреме, војната во Газа ќе изврши притисок врз САД да снабди оружје за Тајпеј, се вели во анализата. Во предложениот заеднички пакет за воена и друга помош за Украина и за Израел, американскиот претседател Џо Бајден побара и повеќе пари за Тајван.

А кога Бајден неодамна потпиша грант од 80 милиони долари за Тајван за купување на американска воена опрема, Кина веднаш реагираше. Меѓутоа, сумата не е доволна ни за еден модерен борбен авион. Што се важни овие пари кога Тајван веќе има нарачка за американската воена опрема од 14 милијарди долари?

Но, овој пат нешто беше поинаку. Овие 80 милиони долари не се заем. Парите доаѓаат од американските даночни обврзници. За прв пат по повеќе од 40 години, Америка користи свои пари за да испрати оружје за држава која официјално не ја признава. Ова се случува во рамките на програмата наречена странски воени финансии (ФМФ).

Од руската инвазија на Украина минатата година, ФМФ беше искористена за испраќањеоколу 4 милијарди  долари во Киев. Фондот е користен и во други земји, на пример, на Блискиот Исток.

А сега за првпат се користи во Тајван.

Цаи Вен, претседателот на Тајван откри дека земјата се подготвува да испрати два баталјони копнени трупи во САД на обука, што е првпат тоа да се случи од 1970-тите. Но, клучот се парите, почетокот на она што, како што вели, би можело да стигне до 10 милијарди долари во следните пет години.

 

 

Поврзани содржини