НОВ ОГЛАС ЗА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ Се бараат автобуси и возачи за линиите 9,11 и 12

Според огласот, за линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 се бараат 5 автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни 8 автобуси и 18 возачи.

2,887

Нов оглас за избор на приватни превозници за реализирање на јавниот превоз во Скопје објави Градот. Огласот се однесува на линиите  9, 11 и 12 .

Според огласот, за линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 се бараат 5 автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни 8 автобуси и 18 возачи.






Претходно Града Скопје распиша оглас и за линиите 20 и 22.

Со двата огласи на Градот му се потребни 48 автобуси и 103 возачи.

Овие огласи се распишуваат откако Градот им ги раскина договорите на возачите од компаниите „Макекспрес“ и „Слобода превоз“, по што двете компании го блокираа Скопје со барање да им се исплатат договите што кон нив ги има ЈСП.

Деновиве треба да се одржи  средба на претставници од двете компании со премиерот Димитар Ковачевски на која треба да присуствува и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

 

Поврзани содржини