НОВ ОБЈЕКТ ВО БРАКО ВО ВЕЛЕС Почна со работа реконструираната течна фарбара, инвестиција од 150.000 евра
БРАКО континуирано инвестира во унапредување на условите за работа и во технолошките процеси, ефективноста и ефикасноста во процесот на обработка на металот.
Вчера започна со работа новиот објект на „Течна фарбара” во БРАКО, како една од седумте инфраструктурни единици од комплексот „Фарбара“ на БРАКО, за чија целосна реконструкција инвестирани се околу 150.000 евра.
Со пуштање во функција на новата течна фарбара се заокружува процесот на инвестиции од над 250.000 евра во погони на Одделот за финална обработка на метал, кои вклучуваат механичка подготовка и површинско чистење, пескарење, сачмарење, рачна обработка со брусење и нанесување на завршен заштитен слој.
Освен течната фарбара, инвестициите опфаќаат изградба на нов погон за прашкасто фарбање и поврзување со автоматска фарбара, реновирање на погон за нова мануелна сачмара и изградба на погон за линиска сачмара.
Целта е поедноставување на завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.
БРАКО континуирано инвестира во унапредување на условите за работа и во технолошките процеси, ефективноста и ефикасноста во процесот на обработка на металот.
