Нов начин на заработка: За 500 денари чекам ред пред шалтер во Скопје, место вас
Лани во ноември во Њујорк стана тренд побогатите да плаќаат и по 80 долари на час, за некој друг да чека место нив ред за тестирање.
Чекам место вас во редица во Скопје, од 6 до 7.30 час, кога се отвараат шалтерите да ги предадете документите. Бидете мегу првите да си ја завршите својата работа.
Ваков оглас осамна деновиве и кај нас, на една страна за рекламирање.
Во светот е позната ваквата пракса. Така во САД на оглас се пријавувале граѓани да чекаат во редица за тестирање против ковид, а не само по шалтери на банки и институции.
Лани во ноември во Њујорк стана тренд побогатите да плаќаат и по 80 долари на час, за некој друг да чека место нив ред за тестирање. Во овие редови стојат невработени, кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки.
Граѓанинот кој го објавил огласот е подготвен да чека во ред пред шалтерите за 500 денари, но не е наведено дали е за еден час чекање или целата услуга изнесува толку пари.