НОВ НАЧИН НА КУПУВАЊЕ БИЛЕТ И НОВА АПЛИКАЦИЈА Подобра услуга со двата новитети на ЈСП

Нема потреба телефонот да се приближува до валидаторот, а наплатата се врши веднаш по повикувањето на бројот. Патниците добиваат потврдна СМС порака со детали за купувањето“, информираат од ЈСП.

2,646

Од вчера ЈСП „Скопје“ воведе нов начин на плаќање на билети за едно возење со вртење на бројот 185 при што ќе се добие СМС порака. Цената на билетот останува непроменета, 40 денари со вклучен ДДВ. Со цел да се подобри корисничкото искуство, истовремено ќе биде лансирана и новата мобилна апликација „Skopjebus“, која ќе ја замени старата “Skopska”.

Според новиот систем за плаќање, патниците само треба да повикаат бројот 185, по што ќе слушнат „бип“ сигнал и говорна порака потврдувајќи дека купиле билет.






„Нема потреба телефонот да се приближува до валидаторот, а наплатата се врши веднаш по повикувањето на бројот. Патниците добиваат потврдна СМС порака со детали за купувањето“, информираат од ЈСП.

Во случај на проблеми со телефонската сметка, корисниците можат да добијат различни пораки, како што се „немате доволно средства“ или „трансакцијата е неуспешна поради технички причини“.

Паралелно, старата апликација „Skopska“ ќе биде исклучена, а новата „Skopjebus“ ќе биде достапна од 30 октомври 2024 година преку „Play Store“ и „App Store“.

„Со инсталирањето на новата апликација, средствата од паричникот на корисниците автоматски ќе се префрлат на новата сметка. Упатствата за користење на апликацијата може да се најдат со скенирање на QR кодови кои се поставени во сите автобуси за градски превоз“, соопштија од претпријатието.

Поврзани содржини