НОВ МИЛИОНЕР ВО ПРИЛЕП Горан Крстевски ја освои добивката од 1.574.742 денари
Горан Крстевски ја освои најголемата добивка на видеолотариските терминали во Прилеп и станува нов милионер.
На видеолотариските терминали во Прилеп, Горан Крстевски ја освои големата добивка Милионер Џекпот во износ од 1.574.742 денари. Добивката е освоена на 10 август 2025 година, а Крстевски вели дека среќата често е на негова страна.
„Не можам да верувам дека сум го освоил Џекпотот. Ова е навистина незаборавно искуство и радост која ќе ја паметам цел живот,“ изјави новиот милионер.
Тимот на Видеолотарија му честита на Крстевски и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни моменти. Добивката е реализирана на терминалите кај деловниот соработник Евротип во Прилеп.
Во периодот од 18 до 24 август 2025 година, играчите на видеолотариските терминали поделиле вкупно 10.265.600 денари. Петте добитници на Милионер Џекпот освоиле заедно 7.898.230 денари, а играчите освоиле и Мини Џекпот добивки во вредност од 2.367.370 денари.