ЛАДЕН ТУШ ОД ЕУ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН Неколку земји побарале укинување на безвизниот режим

„Во случај на мал или никаков напредок од трети земји, Европската комисија, според наше мислење, треба да нагласи дека започнувањето на механизмот за визно суспендирање е остварлива опција“, навеле од германската делегација во документот.

2,028

Да се прекине безвизниот режим за Србија и Албанија, но и за Молдавија, Грузија и Украина побарале неколку европски земји на разговор кој деновиве се одржува во Брисел, пишува порталот EUObserver. Многу луѓе од Западен Балкан нелегално продолжиле да престојуваат во Германија и други ЕУ-земји заради ковид-пандемијата, а проблем е и фактот што постојано се зголемуваат барања за азил.

Во тајниот документ на ЕУ, до кој дошол порталот, Македонија за среќа (или несреќа) е спомената само еднаш, во замерките на Белгија за големиот број барања за азил кои пристигнале летово, а за кои допрва ќе треба да се одлучува.






„Имаме и релативно голем број (азиланти) од Северна Македонија, но тоа може да биде привремен „летен феномен“, било наведено од белгиската делегација во документот.

Според документот, Франција има најголем проблем со барањата за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека пак Германија се жали на барањата од Албанија и трите држави од Источното партнерство кои исто така бараат формално членство во Унијата. Дополнително, според истиот документ, Србија и Албанија се меѓу 10-те најпроблематични земји кога станува збор за почитување на азилот од 90 дена.

За потсетување, земјите од Западен Балкан без виза патуваат во ЕУ од 2009 година, но бројот на барања за азил расте од година во година. Дали е ова уште еден ладен туш во најава кој ќе биде обзнаен на самитот во Брно следната среда? Според Симонида Кацарска, директорката на Институтот за европска политика, премногу е рано да се коментира дали Унијата ќе го доведе во прашање патувањето без визи само врз основа на овој документ.

„Во случај на мал или никаков напредок од трети земји, Европската комисија, според наше мислење, треба да нагласи дека започнувањето на механизмот за визно суспендирање е остварлива опција“, навеле од германската делегација во документот.

Според официјалните германски податоци за прекршување на Законот за странци во 2020 година, Албанија е на второ место, Украина на петто, Србија на седмо, Молдавија на деветто и Грузија на десетто место.

„Се чини дека се акумулира незадоволство во Франција, Германија и Италија, во моментот на поширока дебата за запирање на наводната злоупотреба“, наведува EUObserver.

Земјите-членки своите барања за привремена суспензија ги доставиле до Европската комисија(ЕК). Од ЕК пак сè утште дека безвизниот режим бил „значајно достигнување“ во односите меѓу Унијата и Балканот.

„Но, не се сите среќни, бидејќи сега активно се дискутира за заканата од таканаречениот“ механизам за суспензија на визите“, пишува EUObserver.

Според порталот, механизмот за суспензија би бил воведен ако илегалниот престој на азилантите од Западен Балкан и земјите од Источното партнерство се зголеми за повеќе од 50 проценти, или ако стапката на прифаќање на барањата за азил е ниска.

Поврзани содржини