НОВ КОШАРКАРСКИ РАЈ ВО ЧАИР Градиме за младите, веруваме во нивната иднина, порача Меџити
Новото спортско катче ќе биде место за развој на талент, тимска работа и позитивна енергија, порача кандидатот на Вреди.
Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, истакнувајќи дека овој проект е конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортскиот дух во заедницата.
– Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени – изјави Меџити.
Тој додаде дека преку ваквите инвестиции во спортска инфраструктура се создаваат простори кои внесуваат живот во населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.
– Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба – активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир – нагласи кандидатот на Вреди, Изет Меџити.