Нов коронавирус е пронајден кај свињи, има потенцијал на ширење и кај луѓето
Тоа сугерира дека овој коронавирус може да влијае и на луѓето, иако до денеска не се познати такви случаи. Поради ова истражувачите интензивно го следат овој вирус.
Ново истражување на Универзитетот во Северна Каролина сугерира дека видот на коронавирусот кој неодамна ја алармирал свинската индустрија би можел да има потенцијал да се прошири и на луѓето, пишува Б92.
Лабораториските тестови од Универзитетот покажале дека новиот вирус SADS-CoV може да се размножува во клетките на белите дробови кај човекот, во клетките на дишните патишта и на цревата.
Тоа сугерира дека овој коронавирус може да влијае и на луѓето, иако до денеска не се познати такви случаи. Поради ова истражувачите интензивно го следат овој вирус.
Видот на коронавирусот, познат како коронавирус синдром на свинска акутна диареја, настанал од лилјаци и заразил стадо на свињи во Кина откако првпат е откриен во 2016 година. Во Кина изминативе години имало неколку епидемии на болести предизвикани од синдромот на акутна диареја на свињите.
Потенцијалната закана на вирусот за луѓето претставена е во лабораториските тестови во Чапел Хил, покажувајќи дека SADS-CoV ефикасно се реплицира во човечките дишни патишта и во клетките на цревата. Наодите се објавени на 12 октомври.
Целиот текст ТУКА