НОВ КОМУНИКАЦИСКИ ТРЕНД МЕЃУ МЛАДИТЕ По „6-7“, сè попопуларен e нов израз
Социјалните мрежи повторно се освоени од мемиња со броеви, а новиот тренд се шири меѓу тинејџерите побрзо од кога било
Мемињата со броеви неочекувано станаа еден од најизразените интернет трендови меѓу младите. Откако „6-7“ и „4-1“ доминираа на Тик-Ток и во тинејџерските разговори со месеци, брзо се шири вирално нов израз – „6-1“.
Иако навидум бесмислени, овие броеви станаа дел од секојдневниот сленг, поттикнати од комбинација на музика, спорт и интернет култура, пишува Oregon Live.
Трендот започна со „6-7“, кој беше донесен во центарот на вниманието кон крајот на 2024 година од раперот Скрил со песната „Doot Doot (6-7).“
Песната брзо стана популарна основа за кратки видеа, особено спортски видеа, а во многу од нив се појавува кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол – кој е висок 6 стапки и 7 инчи, или 201 см. Трендот доби дополнително признание кога средношколeцот Тејлен Кини воведе карактеристичен гест на раката што симболично прикажува балансирање или споредување на две опции.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.