Нов кластер во Тетовско, заразени се 4-месечно бебе и 4-годишно дете

Како што денеска истакна специјализантот по епидемиологија во Центарот за јавно здравје, Наим Скендери, во тетовскиот регион регистрирани се 9 нови случаи со ковид-19.

1,127

Најмладиот пациент позитивен на коронавирусот во Тетовско од пред два дена е 4-месечно бебе, а заразено е и 4-годишно дете од истиот регион, откако неговите родители биле позитивни на ковид-19.

Како што денеска истакна специјализантот по епидемиологија во Центарот за јавно здравје, Наим Скендери, во тетовскиот регион регистрирани се 9 нови случаи со ковид-19.






– Имаме нов кластер во Општина Желино. Повеќето пациенти се контакт-случаи и можеби ова треба да се смета за добра вест, бидејќи кластерите ни се познати. Сите пациенти се изолирани, а нивните контакти ќе бидат анкетирани – рече Скендери.

Во тетовскиот регион биле направени 200 тестови за коронавирус во рамки на вонредниот скрининг кој се спроведува во соработка со матичните лекари, а кој служи за откривање на местата кои претставуваат потенцијални жаришта на заразата.

Поврзани содржини