Нов гаф на Заев: Возеше чистач на „Брако“, ама заборави да ја пушти метлата (ВИДЕО)
Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на промоцијата во фирмата „Брако“ во Велес и прв ја возеше хидрогенската метларка за чистење на улици и јавни површини.
– Да се знае премиер на која земја прв вози вакво возило, рече Заев и тргна со хидрогенското возило.
Тој го возеше возилото но заборави да ја пушти метлата. Во продолжение погледнете како изгледаше тоа:
Заев имаше заедничка презентација со поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, кој е претседател на бордот на „Брако“.
Станува збор за производство на еколошките возила под брендот на „Грин Машинс“.