Нов гаф на Заев: Јас имам многу постигнато во еднаквоста на ѓумбирот (ВИДЕО)
Премиерот по кознае кој пат направи гаф со своето познавање на англиски јазик, па наместо „џендер баланс“, рече дека придонесол многу за „џинџер баланс“.
Зборувајќи за родовата еднаквост во Собранието, премиерот Зоран Заев по којзнае којпат направи гаф со своето познавање на англиски јазик, па наместо „џендер баланс“ (џендер – пол на англиски) , рече дека придонесол многу за „џинџер баланс“ (џинџер – ѓумбир на англиски).
Поддржувачите го бранат премиерот и тврдат дека рекол „џендер баланс“ односно полова еднаквост.
Други тврдат дека Заев направил гаф и наместо „џендер“ рекол „џинџер“.
Проценете сами од видеото каде според коментарите нема дилема што направил Заев.
Од денеска имаме нов термин за родова еднаквост:
Џинџер баланс pic.twitter.com/OVCRk3NTQV— dr (@dolnareka) March 25, 2021
Со реакција на овој гаф на Заев се јави и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милиошоски, кој се потсмеваше со познавањето на англискиот јазик на премиерот.