НОВ ГАФ НА БАЈДЕН Зјапаше во часовникот додека пречекуваше загинати војници
Изгледа дека му беше непријатно што мора да покаже одредена почит кон тие американски херои, напиша воениот ветеран Вилијамс на социјалните мрежи и остро го критикуваше „бисерот“ на Бајден.
Американскиот претседател Џо Бајден направи нов гаф кога свечено ги пречекуваше телата на загинатите американски војници од Авганистан. Бајден за момент се замисли, ја крена раката и погледна во својот часовник, а тоа разбесни многу родољуби и републиканци, јавува Кајгана.
Воениот ветеран Семјуел Вилијамс кој се бореше во операцијата „Пустинска бура“, остро го критикуваше својот претседател:
„Изгледа дека му беше непријатно што мора да покаже одредена почит кон тие американски херои“, напиша Вилијамс на социјалните мрежи.
Видете и сами како изгледаше непријатниот чин.
Biden appears to check his watch during the dignified transfer ceremony at Dover Air Force Base. pic.twitter.com/oMsBefnmfS
— Benny (@bennyjohnson) August 29, 2021
Сè се случи минатиот четврток на воениот аеродром во државата Делавер. Претседателот отпврин се сретна семејствата на американските маринци убиени во бомбашкиот напад во Кабул. Тоа е вообичаен воен ритуал во САД. А потоа, скандал!
„Точно е, Бајден на аеродромот погледна во часовникот во текот на достоинствениот превоз на убиените во Авганистан. Може да видите моментот кога го придвижува левиот ракав за да го види часовникот, а потоа зјапа во него“, напиша на Твитер Николас Фондакаро, новинарски аналитичар за Media Research Center.