📽 НОВ ГАФ НА БАЈДЕН, И ТОА НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН Ги „помилува“ мисирките, па ги помеша светските музички ѕвезди

За да стигнат овде, Либерти и Бел мораа да ја победат тешката конкуренција. Тие мораа да работат напорно, да бидат трпеливи и да патуваат повеќе од 1.000 милји. Може да се каже дека е уште потешко од добивање билет за турнејата на Бритни. Таа е долу, сега е жешко во Бразил... – рекол Бајден.

80

Американскиот претседател Џо Бајден денеска зборуваше на годишната церемонија за помилување на мисирките во Белата куќа, а неговиот последен гаф стана вирален.

Бајден по грешка говореше за Бритни Спирс, кога всушност мислеше на Тејлор Свифт.






Церемонијата на помилување на мисирката случајно „падна“ на 81 роденден на Бајден. Претседателот погалил две мисирки по име Либерти и Бел и по грешка се повикал на Бритни Спирс кога всушност сакал да ја спомене Тејлор Свифт, која моментално е на меѓународна турнеја.

– За да стигнат овде, Либерти и Бел мораа да ја победат тешката конкуренција. Тие мораа да работат напорно, да бидат трпеливи и да патуваат повеќе од 1.000 милји. Може да се каже дека е уште потешко од добивање билет за турнејата на Бритни. Таа е долу, сега е жешко во Бразил… – рекол Бајден.

Тејлор Свифт настапи во Бразил во неделата вечерта, откако го одложи своето саботно шоу поради екстремните горештини во земјата. Бритни Спирс моментално не е на турнеја.

Белата куќа допрва треба да одговори на прашањата на новинарите за последниот гаф на претседателот Бајден.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBC News (@nbcnews)

Интересно е што овој лапсус се случил токму на 81 роденден на Бајден, а за време на истиот говор тој се пошегува на сметка на неговите години, велејќи дека „не е лесно да наполниш 60 години“.

Кога станува збор за церемонијата на помилување на мисирките, секоја година пред Денот на благодарноста, претседателот на САД ја „помилува“ мисирката, спасувајќи ја птицата да стане нечија вечера и остатокот од денот да го помине талкајќи низ фармата правејќи се што вообичаено прават мисирките.

Поврзани содржини
na