📽️ НОВ ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ФРАНЦИЈА Одекна експлозија, крадци со динамит разнесоа сеф за банкомати
Грабежот се случил во момент кога поштата била затворена, а нападот траел само неколку минути.
Грабеж како на филм во северна Франција, четворица напаѓачи со динамит го кренале во воздух сефот на поштата во градот Рубе и избегале со непозната количина пари.
Во 8:30 часот наутро, кога поштата сè уште не била отворена, четири лица пристигнале пред зградата и поставиле динамит на надворешен сеф што се користи за депонирање готовина за банкоматите. По силната експлозија, напаѓачите го земале пленот и побегнале со возило во непознат правец, објави „Ле Фигаро“.
Експлозијата предизвикала сериозна материјална штета на фасадата на поштата, но, за среќа, нема повредени. За вработените е формиран тим за психолошка поддршка, соопшти портпаролката на регионот О-де-Франс.
Полицијата веднаш го блокирала подрачјето, а јавниот обвинител во Лил веќе отвори истрага за грабежот. Засега не е познато колку пари биле однесени, ниту идентитетот на сторителите, кои според сведоци делувале брзо и професионално.
🔴 Explosion à la poste de Roubaix ce matin à 8h50 pic.twitter.com/51Byo2o4vE
— 75 Secondes 🗞️ (@75secondes) November 12, 2025