Нов државен рекорд за Ислами во 400 метри со пречки
Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство што викендов се одржува во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди.
Македонската атлетичарка Дрита Ислами по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.
Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство што викендов се одржува во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди.
Тоа е подобрување од повеќе од една секунда на претходниот национален рекорд (58.66), поставен од Ислами на 29 мај годинава.