НОВ БРАН НА КОРОНА ВО СРБИЈА Голем број постари лица завршуваат на болничко лекување
Лекарите повикуваат на претпазливост, бидејќи постоечките тестови за ковид-19 се несигурни, а чекалните пред ординациите се преполни.
Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачен CRP и пневмонија се симптоми на новите соеви на коронавирус кои ја зафаќаат Србија, пишуваат српскитемедиуми..
Лекарите повикуваат на претпазливост, бидејќи постоечките тестови за ковид-19 се несигурни, а чекалните пред ординациите се преполни. Лицата над 65 години со хронични заболувања, од кои повеќето се невакцинирани, масовно завршуваат на болничко лекување.
-Веќе 15 дена се бориме со короната, таа повторно се разгоре. Граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и други земји, каде што биле на одмор. Овој вид има очигледни симптоми на ковид, но лекарите можат да го помешаат и со алергии, кои се сега актуелни. Се јавува висок CRP, брзо се појавува пневмонија, бидејќи вирусот го напаѓа ткивото на белите дробови. Изгледа се избираат оние кои не се вакцинирани, но спорадично има и вакцинирани со поблаги симптоми. Помладите имаат висока температура до 40, која трае неколку дена. Повозрасните граѓани имаат компликации, како и лицата со коморбидитети, неколку мои пациенти веќе се примени на Инфективната клиника – изјави за Нова.рс д-р Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина.
Тој нагласува дека постојните тестови за корона се несигурни.
-Тестовите се целосно бескорисни, бидејќи овој вид е многу отпорен. Тоа е мутант кој тестот не го ни препознава. Допрва треба да се направи тест за овој вид на ковид. Луѓето се тестираат и добиваат негативни резултати и ги имаат сите симптоми на ковид. Не ми требаат да ми носат тест, знам доволно за овој вирус за да знам кога нападнал. Сè може да се види во крвната слика и на белите дробови. Овој ковид брзо ги напаѓа белите дробови, што не се случува во толкава мера со грипот и другите респираторни вируси. Секој што чувствува симптоми мора да направи Д-димер, ЦРП, крвна слика и ЛДХ – советува докторот.