📽 НОВО БЕЗОБРАЗИЕ НА ТУРИСТИТЕ ВО ИТАЛИЈА Жена се качила на Фонтана ди Треви за да наполни шише со вода

Иако околу Фонтана ди Треви имало знаци кои го забрануваат овој чин, туристката решила да ги игнорира, но кога се вратила, обезбедувањето ѝ пришло.

879

На социјалните мрежи се шири видео од туристка која решила да се искачи на Фонтана ди Треви за да наполни шише со вода.

Туристката се искачила на историската знаменитост пред сите и го наполнила шишето до врвот, а потоа се вратила во својата група, целосно несвесна за грешката што ја направила.






Иако околу Фонтана ди Треви имало знаци кои го забрануваат овој чин, туристката решила да ги игнорира, но кога се вратила, обезбедувањето ѝ пришло.

На видеото се гледа како ѝ објаснуваат нешто, а потоа ја водат подалеку од местото на инцидентот. Според сведоците, жената упорно објаснувала дека не разбира зошто е во неволја.

 

Да потсетиме, на крајот на јуни во Рим се случи инцидент кој ги разбесни Италијанците. На социјалните мрежи почна да се шири видео од турист од Бугарија кој го издлаби името на својата девојка во Колосеумот, на што реагираше италијанската министерка за култура.

Поврзани содржини