📷 НОВ АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА НА КЛИНИКАТА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ Вкупната вредност на опремата е 1,5 милиони евра

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе бидејќи за жал многу малку е направено во минатото. Набавени се нови апарати за магнетна резонанца, како и апаратура за користење во салите за трауматологија, напиша премиерот на својот фејсбук профил.

246

Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје доби апаратура и опрема вредна 1,5 милиони евра од Владата.

На промовирањето на новата опрема на Клиниката денеска присуствува премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.






Премиертот на својот Фејсбук профил објави:

„На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе бидејќи за жал многу малку е направено во минатото.

Набавени се нови апарати за магнетна резонанца, како и апаратура за користење во салите за трауматологија.

Како Влада сериозно се зафативме со овој проблем, ќе има сериозни реформи, и структурни но и квалитативни, и убеден сум дека за неколку години од сега ќе имаме комплетно нова слика во здравството“, напиша Мицкоски .

Д-р Небојша Настов од Клиниката посочи дека со новите апарати за магнетна резонанца ќе се прават најмалку 5.000 прегледи годишно за разлика од претходните апарати кои биле стари 16 години и со кои се правеле околу 4.000 прегледи годишно.

Поврзани содржини