Поврзани содржини
Џошуа Џексон (47) и Кејти Холмс (47) заедно прошетаа по тепихот на њујоршката гала-проекција на филмот „Brunello: The Gracious Visionary “, во вторник, 14 април.
Парот беше познат по тоа што глумеше заедно во „Досонс Крик“ од 1998 до 2003 година.
Претходно повторно се повторно се обединија на екранот за претстојниот филм на Холмс, „Happy Hours“, кој беше снимен во 2025 година.
Во изјава за американски медиуми, Џексон ја опишал соработката како „магична“, оставајќи простор дека приказната може да продолжи и во иднина.
Двајцата актери за кои обожавателите велат дека стареат како добро вино привлекоа огромно внимание од медиумите и фановите.
Тие беа видно расположени, разговараа, се смееја и позираа за фотографите. Нивната природна и блиска комуникација веднаш ја разбуди носталгијата кај публиката, која сè уште ги памети како еден од омилените телевизиски парови од крајот на деведесеттите години.
Иако нивната романтична врска одамна е минато (тие беа во кратка врска за време на снимањето на „Досонс Крик“ кон крајот на деведесеттите), очигледно е дека меѓу нив и понатаму постои силно пријателство. Токму тоа беше и главната тема на коментарите на социјалните мрежи, каде фановите масовно споделуваа фотографии и видеа од нивната средба.