🎥 НОСИ ДВОГЛАВ ОРЕЛ, ЈА СПОМНУВА ПРИШТИНА Славниот рапер Дрејк ѝ оддаде почест на Албанија
Дрејк, канадски музичар кој е еден од најпознатите изведувачи на денешницата, во своето ново музичко видео му оддаде почит на денот на државноста на Албанија.
Дрејк, канадски музичар кој е еден од најпознатите изведувачи на денешницата, во своето ново музичко видео му оддаде почит на денот на државноста на Албанија.
Имено, во својот нов спот за песната „Polar opposites“, канадскиот рапер седи со неколку мажи покрај маса за билјард, а на себе имаат црвени јакни со симболот на двоглав орел.
„Треба да ја пуштиш сестра ти да биде гласот на разумот… Или погрешно ги толкувам твоите пораки и дела, или едноставно не знам како се одвиваат работите во Приштина, само знам дека тензијата расте“, гласи еден дел од новата песна на Дрејк.
Недолго по објавувањето на песната „Polar opposites“, под спотот на Јутјуб можеа да се прочитаат бројни коментари на албански јазик, со кои му се заблагодарува на канадскиот уметник за овој гест. Со пофални и зборови на благодарност за почестувањето на Денот на албанското знаме од страна на раперот.
Да потсетиме, Дрејк пред неколку недели во песната „8AM in Charlotte“ уште еднаш го спомна овој регион со зборовите: „Каде одам јас, одиш и ти брате, ние сме Југословени“.