НОСЕВ ФАРМЕРКИ ОД НЕРВОЗА И ПРОЧИТАВ „ТИТО Е МРТОВ“ Почина Мирослав Лилиќ, водителот кој ја објави смртта на маршалот

Потоа облеков и кошула од Градимир Агбаба, а на нозете останав во фармерки. Затоа, откако ги прочитав вестите, останав да седам. За да не се види дека сè уште ги имам фармерките, раскажал Лилиќ во една прилика.

2,770

Од нервоза носел фармерки и имал облечено погрешно сако, а потоа ја прочитал кобната вест дека умре другарот Тито. Не смеел да стане за да не му ги видат фармерките и така останал до крајот на прилогот. Познатиот водител Мирослав Лилиќ почина во својата 79 година, по кариера долга 43 години, пренесува Б92.

За кобниот 4 мај во 1980 година тој рекол дека сите во студиото во Загреб биле нервозни.






– Целиот тим си имаше подготвено црни сакоа, црни вратоврски и бели кошули. Во 17 часот почнав да се облекувам, се претпоставуваше дека ќе има вести во 19 часот, а во сета паника облеков сако на Владимир Фучијаш, кое е малку прејако за мене. Потоа облеков и кошула од Градимир Агбаба, а на нозете останав во фармерки. Затоа, откако ги прочитав вестите, останав да седам. За да не се види дека сè уште ги имам фармерките – раскажал тој во една прилика.

Пријателите велат дека Лилиќ никогаш не трчал по успехот и по парите. Но, не престанал да работи ниту откако ја добил пензијата во 2009 година. Роден е во Сивериќ во 1944 година, а прво одделение основно училиште завршил во Белград.

– Мајка ми Љубица беше од Широки Брије, а татко ми Мате од Сивериќ. Татко ми беше министер за рударство на ФНРЈ, а од 1949 година живеевме на Скадарска 55, веднаш до таверната „Три Шешира“, најпопуларниот клуб во Белград – изјави Лилиќ еднаш за „Вечерњи лист“.

Работел во „Југопластика“, а потоа седум месеци работел во магацин. На почетокот на 1965 година заминува во Загреб, каде што се вработува во Телевизија Загреб и релативно брзо станува водител на дневникот во вестите, а подоцна и главен уредник.

Лилиќ беше долгогодишен член на жирито на Вечерњакова ружа, најстарата и најважна медиумска награда во Хрватска. Во 2011 година ја објави својата автобиографија „Без цензура“. Кога дојде на чело на Кроација рекордс, сакаше да издаде албум од Марко Перковиќ Томпсон.

– Точно. Туѓман ја слушна неговата песна „Бојна Чавоглава“ и беше жестоко против таа песна бидејќи започнува со „За дом спремни“. Тој беше голем противник на тој поздрав и не сакаше да го врзува со Татквинската борба, а првиот албум на Томпсон ионака направи големи финансиски загуби. Шест години подоцна, сопственик на Кроација Рекордс беше Загребската банка и јас морав да го издадам албумот на Томпсон, но не можев бидејќи тој направи загуби. Сепак одлучив да го издадам, но во сите документи напишав дека се работи за албум на Нина Бадриќ – објаснил Лилиќ.

 

Поврзани содржини