НОСЕТЕ РАКАВИЦИ И МАСКА КОГА РАБОТИТЕ СО ЗЕМЈА ЗА САДЕЊЕ Што е легионела и како можете да се заразите?

Легионела е фамилија на патогени бактерии што го вклучува видот L. pneumophila кој најчесто предизвикува легионелоза (сите болести предизвикани од легионела). Оваа бактерија може да предизвика Легионерска болест или, пак, полесна форма на заболување која уште е наречена и Понтијачка треска. Обично се наоѓа во водените извори со температура која се движи помеѓу 35-46 степени Целзиусови.

1,639

Што е бактеријата легионела, кои се опасностите од неа и како се лекуваат заболените?

Легионела е фамилија на патогени бактерии што го вклучува видот L. pneumophila кој најчесто предизвикува легионелоза (сите болести предизвикани од легионела). Оваа бактерија може да предизвика Легионерска болест или, пак, полесна форма на заболување која уште е наречена и Понтијачка треска. Обично се наоѓа во водените извори со температура која се движи помеѓу 35-46 степени Целзиусови.






Што е Понтијачка треска?

Понтијачката треска е акутна, нефатална респираторна болест предизвикана од легионелата. Симптомите на ова заболување се во форма на блага горно респираторна инфекција која наликува на акутен грип. Понтијачката треска спонтано поминува и честопати останува недијагностицирана. Понтијачката треска и потешката Легионерска болест се предизвикани од истите бактерии во фамилијата легионела, но Понтијачката треска не вклучува пневмонија.

Што е Легионерската болест?

Легионерската болест е тежок тип на пневмонија (инфекција на белите дробови) предизвикана од бактеријата L. pneumophila. Околу 5-10% од пациентите умираат, но не секој којшто е изложен на оваа бактерија ќе се разболи.

Како се добива Легионерската болест?

Легионерската болест може да се добие откако луѓето ќе вдишат честички што потекнуваат од водени извори загадени со бактеријата L. pneumophila (на пример, клима уреди, бањи со разбранувана вода, тушеви и др.) или понекогаш од почвата или од земјата за садење растенија загадена со бактеријата Legionella longbeachae (друг чест предизвикувач на легионелоза од истата фамилија на бактерии). Луѓето можат да бидат изложени на бактеријата дома, на работа, или на јавни места.

Не се пренесува од еден човек на друг. Периодот на инкубација (времето од моментот кога пациентот бил изложен на бактеријата, до моментот кога ќе стане болен) е од 2 до 10 дена, но во ретки случаи може да се развијат симптоми и во период до 3 недели.

Легионерската болест најчесто ги напаѓа средовечните и луѓето на постара возраст, особено оние кои пушат цигари или кои имаат хронична болест на белите дробови. Исто така, зголемен е ризикот за оние со ослабен имунитет поради примање на лекови или како резултат на болести какви што се ракот, откажување на бубрезите, дијабетес (шеќерна болест) или СИДА.

Кои се симптомите на Легионерската болест?

Болеста обично започнува со температура, треска, главоболка и болки во мускулите. Ова е проследено со сува кашлица и потешкотии со дишењето што можат да преминат во тешка форма на пневмонија. Околу една третина од пациентите имаат и дијареа или повраќање, а околу половина се во конфузија или во делириум. Повеќето пациенти имаат потреба од хоспитализација и лекување со соодветни антибиотици.

Како се дијагностицира Легионерската болест?

Дијагнозата се поставува со конкретни лабораториски тестови бидејќи тешко се прави разлика помеѓу Легионерската болест и другите типови на инфекции на белите дробови (пневмонии) само преку симптомите. Рентгенските слики честопати покажуваат пневмонија но за да се даде дијагноза потребни се посебни тестови. Тестови на крвта (што се прават на растојание од 3 до 6 недели), на плунката и на урината можат да помогнат за да се потврди дијагнозата.

Лекување на Легионерската болест

Легионерската болест се лечи со антибиотици. Пациентите кои имаат Легионерска болест може да ги примаат антибиотиците во болница интравенозно.

Оваа болест најчесто се третира со групата антибиотици наречена флуорохинолони, а од нив, антибиотикот левофлоксацин (Флексид) е најдобриот избор. Други третмани вклучуваат ципрофлоксацин и моксифлоксацин, пишува Вебмед.

Други антибиотици кои се користат за лекување од Легионерската болест се макролидите вклучувајќи го и антибиотикот азитромицин, како и тетрациклините како што е антибиотикот доксициклин (Вибрамицин).

Како да ја намалите шансата да се разболите од Легионерската болест?

Бактериите од фамилијата легионела можат да се најдат во многу видови на водени системи. Меѓутоа, тие најмногу се размножуваат во врела вода што не се движи.

Основните мерки како добра дезинфекција, како и одржувањето на разладните кули и на водоводните системи, го ограничува растењето и ширењето на овие бактерии.

Присуството на бактеријата Legionella longbeachae во почвата е вообичаено, па препорачливо е да се намали изложувањето на прашина од земја (купечка) за садење растенија.

Носењето ракавици и маска, кога се работи со земја за садење, може да помогне да се спречи инфекцијата. Исто така, миењето раце е задолжително ако некоја личност работела со ваква почва, особено пред јадење или пред пушење. Сепак, шансите за заболување од Легионерска болест поради контакт со земја за садење се мали.

 

ВО ЗАГРЕБ ПОЧИНАА ТРИ ЛИЦА ЗАРАЗЕНИ СО ЛЕГИОНЕЛА Опасната зараза се шири преку водоводната мрежа

Поврзани содржини