НОРВЕШКИОТ ДРЖАВЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ИЗРАЕЛ Продава удели во повеќе компании

Norges Bank Investment Management (NBIM) имаше удели во 61 израелска компанија до 30 јуни. Инвестициите во 11 компании, вклучувајќи ја и BSEL, беа продадени во последните денови, но другите компании не се именувани.

68

Норвешкиот државен инвестициски фонд (Norges Bank Investment Management), најголемиот во светот со вредност над 2 трилиони долари, објави дека  поради ситуацијата во Газа и на Западниот Брег продал дел од своето портфолио во Израел и дека ги раскинува сите договори со менаџерите кои управуваат со неговите израелски инвестиции.

Одлуката доаѓа по прегледот на инвестициите започна минатата недела, по медиумските извештаи дека фондот стекнал нешто повеќе од 2% удел во израелската компанија Bet Shemesh Engines Ltd (BSEL), која обезбедува услуги за израелските вооружени сили, вклучително и одржување на борбени авиони.






Norges Bank Investment Management (NBIM) имаше удели во 61 израелска компанија до 30 јуни.

Инвестициите во 11 компании, вклучувајќи ја и BSEL, беа продадени во последните денови, но другите компании не се именувани.

-Очекуваме да се повлечеме од повеќе фирми – изјави извршниот директор на NBIM, Николај Танген, на прес-конференција.

Фондот започна да инвестира во BSEL во ноември 2023 година, еден месец по почетокот на војната во Газа, преку надворешен менаџер на портфолио, чие име не е откриено. Оттогаш, според Танген, се одржуваа квартални состаноци со менаџментот на BSEL, но војната во Газа не беше тема на дискусија.

Акциите на BSEL првично беа оценети како „средно ризични“ од перспектива на етички прашања, но беа прекласифицирани во „висок ризик“ во мај.

Норвешкиот фонд, кој инвестира владини приходи од производство на нафта и гас, е еден од најголемите институционални инвеститори во светот, со просечна сопственост од 1,5% од сите јавно котирани акции во светот. Ина инвестиции и во обврзници, недвижнини и проекти за обновлива енергија.

Фондот објави профит од 698 милијарди норвешки круни (околу 68,28 милијарди долари) за првата половина од годината, со вкупен принос од 5,7%, во согласност со референтниот индекс.

Поврзани содржини