Норвешки министер виртуелно сечеше лента за подземен тунел од канцеларија (ВИДЕО)

 Хареиде свечената лента ја пресече „од далеку“, односно од својата канцеларија и тоа го објави на видео на Фејсбук. 

401

Норвешкиот министер за сообраќај Кнут Арилд Хареиде во услови на пандемија од коронавирус и со почитување на социјална дистанца, на мошне интересен начин го отвори подземниот тунел „Ryfast“ кој ги поврзува градот Ставангер со регионот Рифилке. Тунелот е еден од најзначајните проекти на норвешката влада.

Хареиде свечената лента ја пресече  на видеоконференција со останатите високи функционери од норвешката влада и тоа го објави на видео на Фејсбук.






– Најмногу ми е жал што не можев да ги запознаам сите луѓе и раководители кои го завршија овој фантастичен проект. Го направив првото отворање на сообраќајница „од далечина“ во норвешката историја. Иако поради моменталната ситуација не можев физички да бидам таму, ова заслужува говор и торта – коментира  министерот на фејсбук.

Поврзани содржини