НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА СЕ СВРШИ СО АМЕРИКАНСКИ ШАМАН Поради него го остави сопругот кој потоа се самоуби (ФОТО)
Четвртата во наследството на норвешкиот трон веќе подолго време живее и работи со своето момче, духовен водач, во Лос Анџелес.
Со официјалното соопштение за медиумите, норвешката принцеза Марта Луиз потврди дека се свршила со американскиот шаман Дурек Верет, поради кој ја напушти и Норвешка, како и сите кралски должности.
Принцезата беше во брак со Ари Бен, кој се самоуби пред три години.
Норвешкото кралско семејство деновиве слави со добра причина – ќерката на кралот Харалд, принцезата Марта Луиз, се свршила со американскиот шаман Дурек Верет. Четвртата во наследството на норвешкиот трон веќе подолго време живее и работи со своето момче, духовен водач, во Лос Анџелес.
Среќната вест парот ја објави на Инстаграм, а принцезата го покажа и свршениот прстен со голем смарагд. Таа покрај тоа напишала:
„Пресреќна сум што можам да објавам дека сум свршена со шаманот Дурек, поради кој ми го прескокнува срцето, оној кој ме гледа мене и сите мои потенцијали, кој ме смее и со кого секогаш можам да бидам ранлива. Љубовта надминува и нè тера да растеме и јас сум многу среќна што продолжувам да растам со овој прекрасен човек. Благодарност до моите пријатели и семејството кои беа со нас.’
View this post on Instagram
Во меѓувреме, нејзините родители, кралот Харалд и кралицата Соња, исто така, дадоа официјална кралска објава во која се вели: „Неговото височество Кралот и Нејзиното Височество Кралицата упатуваат најискрени честитки и им посакуваат сѐ најдобро во иднина“.
Педесет годишната принцеза има три ќерки – Мод Анџелика (18), Леа Исадора (16) и Ема Талула (13) – кои ги доби во поранешниот брак со починатиот писател Ари Бен, кој изврши самоубиство на Божиќ 2019 година.
ФОТО: Инстаграм