Норвешка за три дена ќе дозволи патувања во и од Финска, на Исланд и до островот Готланд

205

Норвешка од 15 јуни ќе дозволи патувања до и од Финска, Исланд и шведскиот остров Готланд, но ги задржа постојните ограничувања за патувања за континенталниот дел од Шведска поради големиот број случаи на ковид-19.

– Доколку во исто време ги укинеме ограничувањата ризикуваме да ја изгубиме контролата и, во најлош случај, повторно да наметнеме инвазивни мерки, изјави норвешкиот премиер Ерна Солберг – пренесоа британските медиуми.






Данска, Финска и Норвешка укинаа одредени забрани за патувања, што ги воведоа за да го спречат ширењето на пандемијата на коронавирусот, но ги задржаа повеќето од забраните за Шведска.

 

Поврзани содржини