Норвешка ги затвора границите

Таа на прес-конференција рече дека границите ќе бидат затворени за сите кои не живеат во Норвешка.

416

Властите во Норвешка од петок ќе ги затворат границите за сите патници чие пристигнување не е неопходно, изјави денеска премиерката Ерна Солберг.

Таа на прес-конференција рече дека границите ќе бидат затворени за сите кои не живеат во Норвешка.






Солберг прецизираше дека ќе има исклучоци, како што се медицински работници од одредени земји, но додаде дека повеќето работници мигранти нема да можат да влезат во државата.

Норвешка, која не е членка на ЕУ, во саботата воведе блокада во регионот околу главниот град Осло, откако се појави епидемија на британската мутација на ковид-19.

Поврзани содржини