Норвешка ќе ги затвори водите за рибарските бродови од ЕУ и Велика Британија до потпишување нов договор

Разговорите со ЕУ и Велика Британија за договори за риболов во 2021 година се блокирани поради доцнење во разговорите за Брегзит меѓу двете страни

360

Норвешка предупреди дека ќе ги затвори водите за рибарските бродови од ЕУ и од Велика Британија доколку трите земји не постигнат договор до 1 јануари.

Скандинавската земја, која не е членка на Унијата има договор за риболов со Заедницата од 1980 година, но по напуштањето на Велика Британија, условите треба да бидат предоговорени.






– Разговорите со ЕУ и Велика Британија за договори за риболов во 2021 година се блокирани поради доцнење во разговорите за Брегзит меѓу двете страни – соопшти пред пратениците во Осло министерот за риболов, Од Емил Ингебригтсен.

– Ако немаме договор до 1 јануари, нема да ја отвориме економската зона на Норвешка за рибарски бродови на ЕУ и Велика Британија – предупреди тој.

Договорот меѓу Норвешка и ЕУ гарантира реципрочен пристап до нивните риболовни води

Поврзани содржини