НОРВЕШКА ЌЕ Ѝ ДОНИРА НА АРМ 70 ВОЕНИ ВОЗИЛА Наши војници ќе одат на алпинистичка обука во Норвешка

Исто така сме дел од балканските медицински воени сили и разговаравме уште повеќе да ги интегрираме, да ја зајакнеме соработка помеѓу нашите сили во регионот – рече норвешкиот министер Бјорн Арилд Грам.

235

Норвешка ќе ѝ донира повеќе од 70 воени возила на АРМ, најави денеска норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам на заедничката прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Норвешка исто така поддржа неколку програми во одбранбениот сектор во Северна Македонија за унапредување на родовите прашања, за проект за борба против корупцијата и интегритетот во одбраната. Очекуваме да ја продолжиме оваа соработка и во соработката со инженерскиот баталјон, како и во однос на зимската обука, алпинистичка обука. Исто така сме дел од балканските медицински воени сили и разговаравме уште повеќе да ги интегрираме, да ја зајакнеме соработка помеѓу нашите сили во регионот – нагласи норвешкиот министер на прес-конференцијата во Министерството за одбрана.






Министерката Петровска потсети дека Северна Македонија постојано инвестира во одбраната и оти е планирано следната година да го достигне сега минилниот праг од два проценти од БДП за одбранбениот буџетот, од кој над 30 отсто ќе бидат наменети за модернизација на силите.

Поврзани содржини