НОРМАЛИЗИРАНА СОСТОЈБАТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА-ЕВЗОНИ Грчките земјоделци ја тргнаа блокадата

Протокот на патници и стока од синоќа се одвива нормално и на другите граничните премини со Грција, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники.

224

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку граничниот премин Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по 10 минути.

Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.






И на другите граничните премини со Грција, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, протокот на патници и стока се одвива нормално.

Инаку, преминот Ники за влез во Грција вчера беше блокиран од грчките земјоделци од 16 до 19 часот, кои, според информации оттаму, штрајкот и блокадите ги ставиле во мирување.

Поврзани содржини