Нормализиран сообраќаjот на патот Тетово – Јажинце

188

Сообраќајот на патниот правец Р1203 Тетово – Јажинце е нормализиран и се одвива за сите видови на возила, соопшти Авто мото сојузот.

„На местото каде што се излеа Габровска Река кај с. Одри има стеснување на коловозот во должина од 100м. каде што во текот на денешниот ден ќе се продолжи со чистење на коритото на реката. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација“, се вели во соопштението.






АМСМ информира и дека сообраќајот на сите патиште се одвива по суви коловози.

Од АМСМ препорачувааат возачите да ја  прилагодат брзина на движење, да ја  почитувааат
поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно да ги управуваат возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини