НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ НЕГОТИНО-ШТИП Може да се вози во двата правци со сите видови возила

На регионалниот пат Р1 103 Неготино-Штип, кај крстосница 20км – Неготино преку превојот Серта е нормализиран сообраќајот за сите видови возила, во двата правци, соопшти АМСМ.

159

Од 20.50 часот вечерва е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип преку превојот Серта, во двата правца и за сите видови возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

„На регионалниот пат Р1 103 Неготино-Штип, кај крстосница 20км – Неготино преку превојот Серта е нормализиран сообраќајот за сите видови возила, во двата правци“, соопшти АМСМ.






Патот беше затворен поради активен пожар и заради безбедност на учесниците во сообраќајот.

АМСМ во понеделникот, 15 јули, информираше дека сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, од истиот ден во 16:15 часот, е во прекин за сите видови возила, во двата правца.

Поврзани содржини