НОРМАЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ ЗА КАМИОНИ НА ПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА Активни се забраните на дел од патиштата и планинските превои

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.

61

Од 06.30 часот се нормализира движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од Клучка Демир Капија до Клучка Смоквица.

Утрово активни се забраните за тешки товари возила на патните правци: Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струга – г.п. Ќафасан, Тетово – Попова Шапка каде што за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, Струмица – Берово и патот што води кон граничниот премин кон Бугарија во Делчево, како и на планинските превои Пресека, Плетвар и Ѓавато.






Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини