Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце.
„Во 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за возила, а наизменично е движењето за тешки товарни возила со ладилници, додека за тешки товарни возила со церади движењето се уште е забрането“, информира АМСМ.
Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце попладнево, неколку часа целосно беше во прекин сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а беше затворен и граничниот премин Блаце.
НЕ ТРГНУВАЈТЕ КОН БЛАЦЕ Пожар го запре сообраќајот во двата правци