Нордиските земји ја игнорираат Шведска поради ковид-19

Норвешка и Данска отвораат скандинавска зона за патување без Шведска

697

Норвешка и Данска ќе ја обноват слободата на патување меѓу овие две земји, но зоната нема да ја вклучи Шведска, каде што е поголем бројот на заразени со коронавирусот, објавија денеска норвешките медиуми.

Норвешка сè уште размислува дали да дозволи патување од Шведска и во таа земја, објави норвешката агенција „НТБ“, повикувајќи се на анонимни извори.






Повеќе од 4.000 луѓе починаа во Шведска од ковид-19, што е близу четири пати повеќе од вкупниот број на смртни случаи во другите нордиски земји.

Шведскиот министер за надворешни работи, Ен Линде, предупреди дека исклучувањето на Шведска од отворената гранична зона во северниот регион ќе биде политичка одлука што нема да има здравствена основа.

Поврзани содржини