НОГАТА СЀ УШТЕ „ЛЕПИ“ НА ПЕДАЛОТ ЗА ГАС За една недела 4.910 казни од „Сејф сити“, најмногу за брзо возење

Брзо возење и минување на црвено, главни причини за казни, илјадници прекршоци во една недела.

536

Системот „Безбеден град“ во текот на изминатата недела (16–22 февруари 2026) регистрираше вкупно 4.910 сообраќајни прекршоци на камери поставени низ градовите и на главните коридори.

Најголемиот број прекршоци беа за брзо возење – 4.691 возач управувал возило побрзо од дозволената брзина. За минување на црвено светло се регистрирани 16 прекршоци, што е значително намалување во споредба со минатата недела (33) и првата недела од месецот кога беа дури 163. Други 203 прекршоци се за управување со возило без важечка сообраќајна дозвола.






Исто така, полицијата изрече 117 мерки „забрана за управување со возило“. Од нив, 101 се за брзо возење, а 16 за минување на црвено. Во категоријата брзо возење, 75 возачи се движеле повеќе од 80 км/ч во населено место, 19 возеле над 10 км/ч повеќе од дозволеното, а седум возачи возеле над 170 км/ч на ненаселено место.

Податоците покажуваат дека најголемата опасност на патиштата сè уште е несоодветната брзина. Апелот до сите учесници во сообраќајот е едноставен, почитувајте ги правилата и придонесете за побезбедни патишта.

Поврзани содржини