НО ПОМИНА НЕКОЈ, РОЗАТА ЈА СКИНА… Абази даде заклетва, Русковска доби букет бели рози (ФОТО)

917

Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата од Вилма Русковска, јави МИА.

На примопредавањето на функцијата, Абази и Русковска дискутирале за досегашната работа на обвинителството и работата која претстои.






Ислам Абази доаѓа на местото на Русковска откако на непосредните избори на 7 ноември, кои беа организирани според новиот Закон за јавно обвинителство, освои 66 гласа или само два повеќе од скопскиот обвинител Ермон Незири.

На примопредавањето на функцијата, Абази ѝ подари букет бели рози на Русковска, јави порталот 360 степени и објави видео и фотографии од настанот.

Инаку, белите рози значат чистотија, невиност и тајност. Вилма Русковска се надева Арафат Муареми да ја повлече кривичната опријава против неа, а со тоа да запре и дисиплинската постапка.

Поврзани содржини