НОЌНИОТ ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ СЕ ВРАЌА Дискотеките повторно отворени
Се слушна гласот на Здружението на летни дискотеки. Сопствениците на дискотеките изразија голема благодарност за добиените дозволи за работа за 2022 година.
Од денеска дискотеките во Скопје повторно ќе работат, соопшти Здружението на летни клубови – Скопје, кое се пофали дека нивните барања за спас на ноќниот живот во Скопје наишле на слух кај надлежните институции. Во заедничка координација најдено е решение и од денес младите ќе има каде да се забавуваат и социјализираат после полноќ.
– Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за економија Крешник Бектеши кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ – се наведува во соопштението на Здружението на летни клубови – Скопје.