Ноќниот клуб „Аватар“ го избриша видеото од забавата објавено на фејсбук
Инспекторатот за труд најави пријава и очекува доколку клубот не ги почитува правилата да биде затворен.
Ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица ги избриша најавите на забавите и видеото од забавата објавено во петоткот во 17 часот објавено на Фејсбук, откако дел од медиумите објавија дека на ноќните забави што ги организира се собираат голем број млади и не се почитуваат здравствените прогоколи.
Инспекторатот за труд најави пријава и очекува доколку клубот не ги почитува правилата да биде затворен.